• четврток, 25 јули 2024

Во Општина Чашка се реконструира улица во село Мелница

Во Општина Чашка се реконструира улица во село Мелница
Велес, 27 март 2020 (МИА) - Во село Мелница во тек се градежните активности кои предвидуваат бетонирање на улица во должина од 400 метри и ширина од 2,5 метри и поставување на заштитна ограда долж каналот кој минува покрај улицата. За оваа намена, од буџетот на Општина Чашка се одвоени средства во висина од 250 илјади денари, а изведувач на градежните зафати е ЈПКД „Тополка"  во соработка со месното население. Како што потенцираат од Опшина Чашка, со ова се придонесува за подобар живот на жителите во ова населено место во нивната општина. ад/ир  

Остани поврзан