• четврток, 19 март 2026

Во Општина Велес во тек е пријавување за учество на Велигденски базар

Во Општина Велес во тек е пријавување за учество на Велигденски базар

Велес,18 март 2026 (МИА) - Во пресрет на Велигден, Општина Велес организира Велигденски базар на ракотворби. По тој повод се повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица, да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар, до 20 март.

Заедно со барањето правните лица треба да достават копија од тековна состојба, додека физичките лица треба да достават копија од лична карта.

Велигденскиот базар ќе се одржи од 4 до 8 април, на тезгите поставени на тротоарот на улица „Благој Ѓорев“, на потегот од постојката кај „Панини“.

Како што наведуваат во соопштението од Општина Велес, со цел избегнување на сообраќаен метеж, сите изложувачи ќе бидат задолжени за почитување на точно утврден термин за достава и собирање на производите.ад/

Фото постер од Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан