• петок, 14 март 2025

Во опаѓање бројот на новозаболени од Ковид-19 во Кичево

Во опаѓање бројот на новозаболени од Ковид-19 во Кичево

Кичево, 27 мај 2021 (МИА) - Во изминатите десетина дена во Кичево бројот на новозаболени од Ковид-19 е во стагнација или бележи благо намалување. Во текот на денешниот ден во кичевската Општа болница од 7 тестирани ниту еден не резултирал позитивен.

Неџат Балажи, началник на оддел истакна дека во кичевската болница состојбата со Ковид-19 е поволна, бројот на новозаболени е минимален, додека на оздравени во рапиден пораст.

- Во изминатите 24 часа во нашата општина се регистрирани двајца новозаболени и 7 оздравени пациенти.Овој сооднос се повторува речиси секој ден.Во модуларниот ковид центар денес имаме згрижено тројца пациенти, сите со добра клиничка слика а во моментов немаме ниту еден пациент кој се лекува од ковид 19 надвор од градот, рече Балажи.

Тој појасни дека показателите се многу оптимистични и посочува дека во блиска иднина не треба да очекуваат нагло зголемување на новозаболени.

Потврди дека бројот на активни случаи забрзано се намалува и денеска се регистрирани 71 случај, а стагнантен е бројот на вкупно заболени кој изнесува 2557 лица.

Докторот нагласи дека вакцинацијата се одвива според планираната динамика.

- Во Здраствениот дом тече имунизацијата на граѓаните од нашата општина. Дневно се вакцинираат по 40-50 пациенти, залихите на вакцини се стабилни. Нема лица кои имале последици од вакцинацијата, а моментално во кичевскиот Здраствен дом граѓаните се имунизираат со кинеската вакцина на „Синофарм“. Во текот на оваа недела започна ревакцинација на лицата кои први се вакцинираа со вакцината на „Астра Зенека“, потенцира Балажи.за/фф/

Остани поврзан