• петок, 05 декември 2025

Во ОИК Штип започна пријавувањето за гласање од дома, рокот истекува на 10 октомври

Во ОИК Штип започна пријавувањето за гласање од дома, рокот истекува на 10 октомври

Штип, 6 октомври 2025 (МИА) - Пристигнати се десеттина барања од болни и изнемоштени лица, кои сакаат да го искористат своето право на глас во домашни услови, изјави денеска за МИА, претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев. Тој посочи дека пријавувањето е во тек, а треба да заврши на полноќ на 10 октомври.

-Тоа е денот кога Општинската изборна комисија ќе има дежурство до 24 часот, на полноќ, а од денеска, па се до четврток ОИК – Штип ќе работи од 9 до 21 часот, заради примање на ваквиот тип на гласање, вели Вацев.

Тој додава дека условите за пријавување на болните и немоќни лица за гласање во домашни услови на 18 октомври се согласно Правилникот од Државната изборна комисија, односно мора да имаат потврда - извештај од лекар на медицина-специјалист, не од матичен лекари, како и валидно решение за користење на туѓа нега или валидно решение за мобилност. Документите, лична карта во копија на болното или немоќно лице, како и на пријавителот, ги приложуваат до ОИК или во електронска форма.

Болните и немоќни лица, како и осудените лица низ Казнено-поправните установи во земјата гласаат ден пред изборите, или на овие Локални избори своето право на глас ќе го искористат на 18 октомври.

Вацев додава дека во тек се и обуките за членовите на Ибирачките одбори, досега се одржани 20 обуки, а остануваат уште седум обуки, кои ќе се организираат во текот на оваа недела. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан