• среда, 15 мај 2024

Во ОАЕ за медицинска помош пристигна 14-та група ранети палестински деца и болни од карцином

Во ОАЕ за медицинска помош пристигна 14-та група ранети палестински деца и болни од карцином

Абу Даби, 27 март 2024 (МИА) - Четиринаесеттата група ранети палестински деца и болни од рак пристигнаа во ОАЕ за да добијат медицинска помош во медицинските установи во Емиратите, објави новинската агенција ОАЕ-УАМ.

Третманот е обезбеден по инструкции на претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахајан.

Авионот, кој полета од Ел Ариш со 32 Палестинци и 64 членови на семејствата, слета во Абу Даби. Семејствата на пациентите изразија благодарност до ОАЕ за значајната хуманитарна помош која има за цел да ги олесни тешкотиите на палестинскиот народ.

По пристигнувањето, медицинските тимови брзо ги транспортираа пациентите до болниците, додека останатите пациенти и нивните придружници беа сместени во станбениот комплекс во Абу Даби за хуманитарна поддршка.

Од почетокот на кризата во Газа, ОАЕ обезбедија поддршка на палестинскиот народ, започнувајќи со операцијата „Храбар витез 3“ во ноември 2023 година за да обезбеди хуманитарна помош за Палестинците во Газа. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан