• четврток, 04 декември 2025

Во НУЦК Крива Паланка промовирана книгата "Како денес, како секогаш"

Во НУЦК Крива Паланка промовирана книгата

Крива Паланка, 14 ноември 2025 (МИА) - Поетската збирка "Како денес, така секогаш" од бугарската поетеса Светла Радкова од Ќустендил, Бугарија, вечерва беше промовирана во библиотеката "Кочо Рацин" при национална установа Центар за култура Крива Паланка.

Поезијата на Радкова е објавувана и надградувана на бројни меѓународни поетски конкурси и фестивали, преведена на италијански, српски и македонски јазик.

-Изградена од естетски украсни материјали, поезијата на Радкова содржи зачувано и одржано чувство, без конзерванси. И она што е крајно, ултимативно,е есенцијата што авторката ја нарекува вселена на конечноста. Таа пее за "душата на светот", за "отсега -натаму", за тоа "каде одиме - quo vadis?", но, најважно е што порачува дека она што не е денес, ќе биде утре или некогаш, посевајќи надеж во секој стих, рече модераторот на настанот.

Директорот на НУЦК Крива Паланка, Сашко Додевски, посочи дека настанот е организиран во соработка со Бугарскиот културно - информативен центар во Скопје што е соработник на општината долги години и оваа промоција е продлабочува на културната соработка,која, рече, ќе продолжи и во иднина.

На настанот присуствуваа директорката на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, Антонија Велева, која ја истакна одличната 20- годишна соработка помеѓу центарот во Скопје и македонскиот културен центар во Софија, кои, посочи, се вистински пример за тоа дека културата е мост за соработка и претставување на различностите, но и нештата што не поврзуваат.

За поезијата на Радкова говореше и Димитар Христов, долгогодишен директор на бугарскиот културно информативен центар во Скопје, поет, преведувач, приредувач на книги и учесник на годинашното издание на Струшките вечери на поезијата.
Промоторката, Оливера Станковска, рече дека поезијата на Светла е светлина, со суштествено претставување на вистината, без сомнеж дека иднината носи убави моменти. Проникнува во ср'жта на реалноста и ја сублимира целата вселенска радост,која зрачи од стиховите.

Светла Радкова е авторка на три стихозбирки: " Нешта за обожување", "Е" и "Како денес, така секогаш", прва препана на македонски, во препев на Валентин Таневски, во издание на издавачката куќа "Макавеј".

Промоцијата на македонскиот превод на книгата е трета по ред,по Скопје и Софија. ид/сст/

 


Фото МИА 

 

 

Остани поврзан