• петок, 05 декември 2025

Во населба Бавчал'к Крива Паланка комплетно уредени парк и спортски терени 

Во населба Бавчал'к Крива Паланка комплетно уредени парк и спортски терени 

Крива Паланка, 23 август 2025 (МИА) - Жителите на населбата Бавчал'к во Крива Паланка добија уреден урбан простор во дворот на комплексот згради, каде на површина од околу 2000 метри квадратни уредени се спортски терени за кошарка и фудбал, детско катче и мини- парк.

Вложени се близу 7.9 милиони денари од Развојната програма на Општина Крива Паланка за 2025 година.

-Со многу радост официјално го отворивме новиот урбан парк, место со спортски терен и детско катче, создадено со љубов и внимание за сите генерации. Насмевките на дечињата и задоволните лица на нашите сограѓани се најубавата потврда дека вреди да се вложува во вакви простори. Нека овој парк биде местото каде ќе се раѓаат нови пријателства и ќе се чуваат најубавите детски спомени, рече градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

Реновирани се постојниот терен за мал фудбал, уреден е со вештачка трева, изградено е ново баскет игралиште со тартан подлога, нов детски парк со модерни реквизити за најмладите и хортикултурно уреден парк со пристапни патеки.

Општина Крива Паланка во претстојниот период планира уредување и на просторот кај комплексот згради во населбата Осичка маала, се наскоро ќе се уреди и коритото на Крива Река на потегот од градскиот парк кој населбата Бегови бавчи. ид/аа/


Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан