• петок, 22 ноември 2024

Во навивачките немири во Сплит приведени 51 лице, повредени тројца полицајци

Во навивачките немири во Сплит приведени 51 лице, повредени тројца полицајци

 

Сплит, 4 април 2024 (МИА) – Вкупно 51 лице се приведени изминатата ноќ во Сплит поради инцидентите што ги предизвикаа навивачи на Хајдук во и надвор од стадионот Пољуд по натпреварот со загрепски Динамо, а лекарска помош побарале тројца полицајци, соопшти полицијата.

Немирите почнаа по завршувањето на полуфиналниот натпревар од Купот на Хрватска кој заврши со победа на Динамо, кога група домашни навивачи влегоа на теренот со цел да го нападнат гостинскиот тим и навивачи.

„Со навремена реакција и дејствување на полицијата нападот е спречен и луѓето се пренасочени на трибините“, соопштија од полицијата.

Во соопштението се вели дека по натпреварот, во и околу стадионот, во неколку наврати поголеми групи луѓе ја нападнале полицијата фрлајќи кон нив запалени ракети, шишиња, камења и други предмети.

„Во овој момент лекарска помош побарале тројца полициски службеници кои се пренесени во сплитската болница. Оштетено е и едно службено возило“, се вели во соопштението објавено по полноќ. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан