• петок, 22 ноември 2024

Во Молдавија пронајдени остатоци од руски дрон од иранско производство

Во Молдавија пронајдени остатоци од руски дрон од иранско производство

Кишињев, 5 април 2024 (МИА) - Граничната полиција на Молдавија вчера соопшти дека пронашла и обезбедила остатоци од руско беспилотно летало од иранско производство на границата на земјата со Украина.

Во полициското соопштение се наведува дека остатоците се пронајдени во близина на селата Етулија и Владичени и дека го носат натписот Херан-2, второто име за беспилотните летала Шахид од иранско производство што ги користи Русија во конфликтот со Украина.

Остатоците се пронајдени во област на околу 500 метри од границата со Украина, со ограничен пристап до областа, соопшти полицијата. Во остатоците немало опасни елементи и немало никаква опасност за жителите на околината.

Досега на територијата на Молдавија, која се наоѓа меѓу Украина и Романија, имаше неколку случаи на пронајдени остатоци од руски дронови и проектили. Во февруари во близина на истите села беа пронајдени фрагменти од дрон.

Проевропската претседателка Маја Санду ја осуди руската инвазија на соседна Украина и ги издвои Москва и корупцијата како двете најголеми закани за суверенитетот на нејзината земја.сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан