• недела, 22 декември 2024

Во мај инфлацијата во ЕУ беше 8,8 отсто, а во еврозоната 8,1 отсто

Во мај инфлацијата во ЕУ беше 8,8 отсто, а во еврозоната 8,1 отсто
Брисел, 18 јуни 2022 (МИА) -   Според последните податоци на Евростат, статистичкиот завод на Европската унија, инфлацијата во мај изнесувала 8,8 отсто во ЕУ и 8,1 отсто во еврозоната. Една година претходно стапката на инфлација во ЕУ беше 2,3 отсто, а во еврозоната 2,0 отсто. Најниски стапки се регистрирани во Франција и Малта – 5,8 отсто и Финска 7,1 отсто, а највисоки во Естонија 20,1 отсто, Литванија 18,5 отсто и Летонија 16,8 отсто. Двоцифрена инфлација е забележана и во Хрватска, Бугарија, Чешка, Грција, Унгарија, Холандија, Полска, Романија и Словачка. Најголемо учество во мајската инфлација има енергенсите – 3,87 отсто, потоа храната, алкохолот и тутунот – 1,59 отсто, како и услугите – 1,46 отсто. зш/

Остани поврзан