• недела, 22 декември 2024

Во кумановската болница почина мигрант кој претходно бил прободен со остар предмет

Во кумановската болница почина мигрант кој претходно бил прободен со остар предмет

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Во кумановската болница утрово почина мигрант откако претходно бил повреден со остар предмет.

Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, лицето утрово било пронајдено во атарот на кумновското село Речица со повреди од остар предмет.

Лицето било пренесено во Општа болница Куманово, каде во 07:45 часот починало. 

- Полициски службеници на СВР Куманово извршиле увид и по преземените мерки и извршени разговори било констатирано дека настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица мигранти, при што починатиот мигрант бил прободен со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР. свс/сп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан