• петок, 05 декември 2025

Во Куманово промоција на монографијата „25 години епископство на монсињор д-р Киро Стојанов“

Во Куманово промоција на монографијата „25 години епископство на монсињор д-р Киро Стојанов“

Куманово, 5 ноември 2025 (МИА) - Во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) и Католичката црква во Македонија, вечерва со почеток во 19 часот, во Занаетчискиот дом во Куманово ќе биде промовирана монографијата „25 години епископство на монсињор д-р Киро Стојанов“.

Како што информираа денеска од Комисијата, во рамки на програмата на промоцијата на книгата, ќе се одржи и панел-дискусија насловена како „Христијанските вредности – мост меѓу традицијата и современото живеење“ на која ќе се обратат директорката на КОВЗРГ, Оливера Трајковска, монсињор д-р Киро Стојанов, отец Гоце Костов и отец Зоран Стојанов, преку чии излагања подетално ќе биде прикажано делото и мисијата на монсињор Стојанов.

Свеченоста со која ќе се одбележи 25 годишниот јубилеј на епископството на неговото превозвишенство, бискупот скопски и епарх струмичко-скопски монсињор д-р Киро Стојанов ќе ја отвори градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски. ам/дма/


Фото Плакат КОВЗРГ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан