• сабота, 23 ноември 2024

Во Куманово припадниците на СВР делеа маски и флаери по повод Денот на полицијата

Во Куманово припадниците на СВР делеа маски и флаери по повод Денот на полицијата
Куманово, 7 мај 2020 (МИА) - Припадниците на СВР Куманово денеска го одбележаа Денот на полицијата со делење маски и флаери за совесно однесување, за почитување на правила во сообраќајот. Од СВР Куманово соопштија дека припадниците на кумановската полиција, под мотото „Заедно сме побезбедни“, им укажаа на граѓаните за почитување на правилата за лична заштита и заштита кон другите. Тие поразговараа со граѓаните и за заштита на имотот, безбедноста во заедницата, јакнење на сообраќајната култура, почитување на законските одредби. -На случајните минувачи во трговските објекти и на оние на работните места, потоа учесниците во сообраќајот, им поделија приврзоци, миризливи фрешери за во автомобили и флаери, како и заштитни маски со кои што уште еднаш ја потенцираа важноста од почитување на одлуки на Влада за спречување на ширење на коронавирусот, се вели во соопштението на СВР Куманово. ам/ир

Остани поврзан