Во Куманово одбележан Денот на учителот
- Учителите од Куманово го одбележаа денешниот 5 октомври, Меѓународен ден на учителот со активности со нивните ученици во библиотеката „Тане Георгиевски“.

Куманово, 5 октомври 2022 (МИА) - Учителите од Куманово го одбележаа денешниот 5 октомври, Меѓународен ден на учителот со активности со нивните ученици во библиотеката „Тане Георгиевски“.
Активностите во чест на денешниот ден ги организираа општинскиот огранок на Здружението на одделенски наставници од државата „Учител“, во соработка со библиотеката. Ликовните активности се реализираа во просториите на основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“, а учениците литературно твореа на детскиот оддел во библиотеката.
Учителите од Куманово порачаа дека да се биде учител, наставник, професор, воспитувач е најблагородната, најубавата, но и најодговорната професија што подразбира огромна посветеност не само кон младата личност туку и кон оној на кој му се потребни знаења, вештини и мотивација.

