• среда, 21 мај 2025

Во Куманово одбележана европската недела на имунизација

Во Куманово одбележана европската недела на имунизација

Куманово, 29 април 2025 (МИА) - Почна одбележувањето на недела на имунизација во Куманово. Здравствен дом Куманово, денеска на градскиот плоштад организираше настан на кој делеа промотивен материјал за европската недела на имунизација. Родителите на мали деца имаа можност да се информираат за вакцините против различни болести, како заштитуваат и колку помагаат да се зачува колективното здравје.

- Тука се нашите родители, оние кои ги вакцинираат децата. Овде сме да ја подигнеме јавната свест за важноста од редовната имунизација. Разговараме со родителите, кои вакцини им следуваат согласно календарот на нивните деца, разговараме за бенефитите од вакцинацијата. Ги повикувам сите родители за секоја недоумица да се обратат кај нас, изјави д-р Валентина Богоевска Димитриевска од Здравствен дом Куманово.

Бенефитот од вакцинацијата е повеќекратен, исчезнати се одредени болести од кои во минатото страдало населението на светско ниво.

- Како град Куманово опфатот на вакцинација е низок, далеку од посакуваниот од 95 проценти. Најнизок е за МРП вакцината и се движи од 40 до 50, додека за останатите околу 70 проценти. Антивакциналната кампања, придонесе да се вратат исчезнати болести, наша цел е да ги мотивираме родителите да се имунизираат децата. Актуелно е вакцинацијата со ХПВ Вакцината, изјави д-р Богоевска.

Што се однесува до неодамнешната епидемија на пертусис во Куманово поради незначителниот опфат, сега веќе е надмината состојбата. Проверени се сите дечиња, вакциналните картони. Од здравствен дом ги повикаа родителите да постават прашање исклучиво на стручни лица на лекари, не да се едуцираат за вакцини од сомнителни портали.

Европската недела на имунизација е иницијатива предводена од Светската здравствена организација (СЗО) и има за цел за подигање на свеста за виталната улога што ја игра имунизацијата во спречувањето на болести и заштитата на животот. Секоја година, традиционално се одбележува последната недела од април. Нејзината цел е да ја подигне свеста за важноста на имунизацијата во спречувањето на болести и унапредувањето на здравјето. ам/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан