• сабота, 23 ноември 2024

Во Кривичен завршни зборови за „Ласкарци“

Во Кривичен завршни зборови за „Ласкарци“

Скопје, 14 декември 2023 (МИА) - Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да се одржат завршни зборови за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во февруари 2019 година и во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.

Завршни зборови денеска треба да даде Јавниот обвинител, потоа и одбраната на обвинетите, по што Судот ќе треба да закаже објава на пресуда.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судењето започна во 2019 година и трае четири години. Изминатава година расправите во Кривичен се однесуваа на супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година, а кое беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Потоа Бирото за судски вештачења формира тим лиценцирани вешти лица кои изготвија супервештачење кое во Кривичен пристигна по една година, во декември 2022. ар/aa/
Фото: МИА архива 

Остани поврзан