• петок, 22 ноември 2024

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Скопје, 6 јули 2023 (МИА) – Во Основниот кривичен суд денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е Драги Рашкоски.

Според обвинителниот акт, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“ од Кривичниот законик

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева. свс/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан