• петок, 22 ноември 2024

Во Кочани огнената стихија оштети куќи и возила, десетина граѓани побарале помош поради отежнато дишење

Во Кочани огнената стихија оштети куќи и возила, десетина граѓани побарале помош поради отежнато дишење
Кочани, 2 август 2021 (МИА) - Во пожарот што попладнево избувна на две локации во Кочани, и се доближи до станбените домови над градот во Белско Маало, има оштетени куќи, помошни објекти, оштетени се возила, меѓу кои и едно противпожарно возило. Во кочанската болница десетина лица побарале лекарска помош поради отежнато дишење од чадот, но нема тешко повредени, јави дописникот на МИА од Кочани. Дописникот јавува и дека пожарот поради ветерот се шири во правец на селото Тркање, а луѓето кои интервенираат таму се сконцентрирани да го спречат ширењето на огнот кон складот на „Макпетрол“ и една приватна бензиска пумпа. На тоа место има и објекти од лесната индустрија.
Премиерот Зоран Заев, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ја напуштија централната манифестација на Мечкин Камен и се упатија кон Кочани. Заев, како што потврдија од  Владата за МИА, Заев е во постојана комуникација е со ЦУК, со општинските власти и со МВР.
Претседателот Стево Пендаровски претходно соопшти дека Армијата е вклучена во гаснење на пожарите, и дека во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терен и ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба. Тој кажа дека одобрил и употреба на воздухопловите, кои денеска веќе интервенирале во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани. та/нд/  

Остани поврзан