• вторник, 24 декември 2024

Во конфликт во Грозни убиени тројца полицајци и четворица милитанти

Во конфликт во Грозни убиени тројца полицајци и четворица милитанти
Москва, 13 октомври 2020(МИА) - Тројца полицајци и четворица милитанти се убиени денеска во конфликт во главниот град на Чеченија, Грозни. Како што пренесува руската агенција ТАСС, во Националниот антитерористички комитет, конфликтот се случил кога безбедносните сили, заедно со специјалните сили на руската гарда и полицијата, откриле вооружена група и започнале антитерористичка акција. Како што се наведува, на повикот да се предадат, милитантите отвориле оган од автоматско оружје, а за време на пукањето настрадале четворица напаѓачи. - За жал, не беше можно да се избегнат загуби меѓу силите за спроведување на законот. За време на пукањето, тројца полицајци беа убиени, рече претставник на Одборот. Милитантите се криеле во приватна куќа, која била опколена. Според соопштение, акцијата е започната откако Оперативниот штаб во Чеченија добил информации за можна подготовка на терористички напади.      

Остани поврзан