• петок, 12 јули 2024

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17, а вкупно се лекуваaт 287 лица

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17, а вкупно се лекуваaт 287 лица
Скопје, 17 јануари 2021 (МИА) - Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, додека вкупно 287 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало четири приеми, во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало осум нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника пет во текот на вчерашниот ден. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 13 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 12 пациенти, на Клиниката за очни болести 4 пациенти, а на ОРЛ 13 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 91 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. Вкупно 287 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Од МЗ посочуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 172 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка. аа/лв/

Остани поврзан