• понеделник, 23 декември 2024

Во ковид-центрите во Скопје има доволен број слободни кревети, порача Филипче

Во ковид-центрите во Скопје има доволен број слободни кревети, порача Филипче
Скопје, 8 март 2021 (МИА) - Во Скопје како целина има сосем доволен број на слободни кревети во делот на интерните клиники, има простор и во болницата „8 Септември“ и може да се пренаменат едно или две одделенија со вкупно дополнителни 50-тина кревети, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој дополни дека во Скопје функционира системот на координација помеѓу директорите,  претставници на Министерството и сите јавни здравствени установи, што, како што рече, значи дека ако во болницата „8 Септември“ секаде се исполнети капацитетите, можно е да се отворат уште едно или две одделенија, ако другите се преоптоварени. - Така што, никаде во моментов не е прашање дека нешто е навистина критично. Секаде има простор и со оваа комуникација и прераспределба на пациентите тоа се решава, посочи Филипче. Министерот нагласи дека единствено целосно е пополнето болничко одделение во Кавадарци, но и таму е отворена модуларна болница која речиси го удвои капацитетот на кревети. ар/сп/

Остани поврзан