• недела, 22 декември 2024

Во Кичево одбележани 20  години од Охридскиот рамковен договор

Во Кичево одбележани 20  години од Охридскиот рамковен договор
Кичево, 10 август 2021 (МИА) - На Китино кале во Кичево, вечерва се одржа трибина на тема 20 години од Охридскиот рамковен договор. На трибината учествуваа градоначалникот и модератор на овој настан Фатмир Дехари, вицепремиерот Артан Груби, министерот за локална самоуправа Горан Милески, министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи и професорот од тетовскиот универзитет, Мерсим Максути. Во сите дискусии провејуваше позитивниот импакт од Рамковниот договор за Македонија и неоправданиот  песимизам дека со договорот земјата нема да се движи во посакуван правец. -Одбележуваме 20 години од Охридскиот раковен договор, како еден од најважните документи во нашата држава, и по 20 години можеме да забележиме дека земјата само доби, а ништо не загуби. Од унапредувањето на правата на сите заедници во земјава, најмногу доби РС Македонија. Денес сме кохезивно општество со рамноправни граѓани, интегрирани во НАТО и со чиста европска перспектива. Сите стравови на политичките елити во времето по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор се покажаа како неоправдани, затоа што од денешна перспектива имаме само придобивки за нашата земја, истакна меѓу другото вицепремиерот Артан Груби. Домаќинот и модератор на овој панел Фатмир Дехари, во сличен тон се наврати на Охридскиот рамковен договор и придобивките што малцинствата ги уживаат во земјава а како најголема придобивка ја смета  локалната децентрализација. -Вечерва покрај одбележувањето на 20 годишнината од Охридскиот рамковен договор, една од најважните теми што ја наметнавме е локалната децентрализација и пренесување на ингеренции и функции од централната на локалната власт.Имавме дологогодишен застој во фискалната децентрализација и Владата работи за да се промени оваа состојба и зафаќањето од 4,5 одсто во блиска иднина ќе се зголеми на околу 6 проценти и со тоа општините ќе имаат повеќе можности за реализација и имплементација на поголем број проекти и значаен економски развој. Министерот за локална самоуправа Горан Милески истакна дека една од најважните придобивки од рамковниот договор е фискалната децентрализација и прв закон после рамковниот договор кој е усвоен е Законот за локална самоуправа.Тој додаде дека се даде акцент на правата на граѓаните и не само на албанците, бидејќи од овој договор корист имаат сите граѓани на државата, децентрализацијата значи спуштање на власта од централно на локално ниво и поголеми права на граѓаните,истакна меѓу другото министерот Милески.за/

Остани поврзан