Во карбинското село Таринци се реконструира повеќенаменско спортско игралиште
- Нова тартан подолога се поставува на повеќенаменско игралиште во село Таринци. На површина од 1050 метри квадратни спортистите и рекреативци ќе имаат можност да спортуваат и да го поминуваат своето слободно време. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, денеска истакна дека Општина Карбинци продолжува да работи на изградба на нова и модерна инфраструктура.
Карбинци, 15 април 2024 (МИА) - Нова тартан подолога се поставува на повеќенаменско игралиште во село Таринци. На површина од 1050 метри квадратни спортистите и рекреативци ќе имаат можност да спортуваат и да го поминуваат своето слободно време. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов денеска истакна дека Општина Карбинци продолжува да работи на изградба на нова и модерна инфраструктура.
-Продолжува изграбата на спортската инфрструктура на Општина Карбиници. Денеска официјално се започна тартан подлога на повеќенаменското игралиште овде во Таринци. Се работи за површина од 1050 метри квадратни, модерна тартан подлога која би била во корист на сите оние кои рекреираат овде и одржуваат спортски активности. Она што е важно во континуитет е дека Општина Карбинци со ваквите работи, оваа е веќе втора година што можеме да препознаеме промени кога е во прашање овој дел од спортска инфраструктура. Веќе трето по ред игралиште коешто се гради комплетно според модерните стандарди кои се препознатливи во повеќе општини, рече Паунов.
Тој посочи дека две години по ред работат на спротот, вложуваат во младите. Затоа има видливи промени, а ова е трето игралиште кое се гради комплетно според модерните стандарди препознатливи за повеќето општини.
-Ќе остане третото детско игралиште во село Козјак кое ќе биде реконструирано со една помала површина којашто веќе е постоечко, ќе добие обновување на веќе постоечки реквизити. Да сумирам една жешка пролет кога се во прашање градежните активности во Општина Карбинци, не само во патната инфраструктура туку и во спортскиот дел, ќе продолжиме тековно во рамките на програма и план за работа, да ги завршиме проектите, како што ги испланиравме пред почетокот на ова календарска година, изјави Паунов. вдј/хс/
Фото: МИА