• понеделник, 23 декември 2024

Во Кавадарци формирано Доброволно противпожарно друштво ,,Сашко Гешовски”

Во Кавадарци формирано Доброволно противпожарно друштво ,,Сашко Гешовски”
Кавадарци, 4 мај 2021 (МИА) - Кавадарци доби Доброволно противпожарно друштво, за МИА потврди новоизбраниот претседател Александар Чадамов. Друштвото го носи името Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на поранешна Југославија. Како војник, Гешовски беше првата жртва во жестокиот воен судир, што го предизвика распаѓањето на Југославија во 1991 година. Тој беше припадник на ЈНА, а својот воен рок го служеше во Сплит, С.Р.Хрватска. Противпожарното друштво ќе биде промовирано во четврток на шести мај, на денот на загинувањето на кавадарчанецот Гешовски. -Иницијативата за вакво друштво е на градоначалникот Митко Јанчев, а ја прифатија Советот на општината и Територијалната противпожарна единица. Очекуваме минимум 200 активни членови. Тие ќе помагаат при пожари и други кризни состојби, зависно од возраста. Се со цел превенција и висока подготвеност за дејствување при пожари и елементарни непогоди, појасни Чадамов. Тој најави дека веднаш по промоцијата, ќе започнат со бројни активности од областа на превенцијата.свд/бт/  

Остани поврзан