Во Кавадарци реконструкција и доградба на улично осветлување
- Во Кавадарци се врши реконструкција и доградба на улично осветлување, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Кавадарци, 17 декември 2024 (МИА) - Во Кавадарци се врши реконструкција и доградба на улично осветлување, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Во рамките на проектот „Реконструкција и доградба на постоечката надземна мрежа за улично осветлување’’ се одвиваат градежни активности за поставување на ново улично осветлување на потегот село Ваташа – Моклиште, каде ќе бидат поставени 53 канделабри со прекин во должина од 1650 метри, и тоа (Ваташа – 12 Ваташки младинци, 43 канделабри и од Вила Бела кон Витачево 10 канделабри). Лед светилки со моќност од 43 W кои претходно ќе се демонтираат од други локации во градот. Столбовите се со висина од 8 метри, појаснија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму додадоа дека се работи за дел од тендерот од 65 милиони денари. свд/дма/
Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев