• среда, 24 јули 2024

Во Кавадарци поделени видливи ленти за трактори за поголема безбедност во сообраќајот

Во Кавадарци поделени видливи ленти за трактори за поголема безбедност во сообраќајот
Кавадарци, 16 септември 2022 (МИА) - Во Кавадарци беа поделени видливи ленти за трактори за поголема свест за безбедност во сообраќајот. Трета година по ред, ова беше заедничка активност на Општинскиот совет за сообраќај, Републичкиот совет и Инспекторатот за превенција од полициската станица Кавадарци.
-Во рамките на оваа активност се изготвија флуоросцентни ленти коишто се поставуваа на задниот дел од приколките на тракторите, со цел тие да бидат повидливи од другите учесници во сообраќајот, кога се вклучени во сообраќај во ноќните услови, појаснија синоќа од општинскиот Совет за сообраќај.
На тој начин, како што нагласија, се зголемува безбедноста во сообраќајот, во овие моменти кога фрекфенцијата во сообраќајот е зголемена, заради бербата на грозјето и вклучувањето на сите земјоделски машини во сообраќајот. свд/бак/

Остани поврзан