• недела, 22 декември 2024

Во Кавадарци отворена прва вајарска колонија

Во Кавадарци отворена прва вајарска колонија

Кавадарци, 14 август 2024 (МИА) - Прва вајарска колонија беше отворена  денеска во Кавадарци, во организација на Музеј галеријата. Неколкумина уметници вајари творат во месноста Моклиште. Овојпат тоа е во материјал од дрво и метал.

Директорот на Музејот, Јаким Зимоски појасни дека на колонијата што трае неколку дена, ќе се создадат дела од монументален карактер, што ќе бидат поставени на јавни површини. Тој рече дека колонијата ќе стане традиционална и најави парк на културата и летна сцена во Кавадарци.  

Пред присутните се обрати и советникот во Советот на Општината, Александар Мукаетов, кој изрази задоволство од еден ваков настан. 

Слободан Милошевски, носител на колонијата и еден од учесниците, изрази задоволство што ќе творат во прекрасен амбиент и подвлече дена природата раѓа инспирација. 

- Ќе направиме одлични уметнички дела што ке го красат градот Кавадарци, подвлече тој. 

Претставувањето на изработените скулптури ќе биде на осми септември во музејот, во рамки на долгогодишната културно - стопанска и туристичка манифестација ,,Тиквешки гроздобер". свд/дма/


Фото : МИА 

Остани поврзан