Во Кавадарци изложба на дела од Новица Трајковски и промовирана „Наива-наивното сликарство и скулптура во Македонија" од Гоце Бужаровски
- Во организација на Вински музеј за регион Тиквеш - Кавадарци синоќа беше отворена самостојна изложба на Новица Трајковски „Македонија" и беше промовирана книгата „Наива-наивното сликарство
Кавадарци, 25 август 2022 (МИА) - Во организација на Вински музеј за регион Тиквеш - Кавадарци синоќа беше отворена самостојна изложба на Новица Трајковски „Македонија" и беше промовирана книгата „Наива-наивното сликарство и скулптура во Македонија" од Гоце Бужаровски.
-Изложбата вклучува неколку дела и е посветена на убавините на Тиквешкиот регион и богатото културно наследство во делот на винарството и лозарството. Уметничките дела „Благослов", „Македонија", „Убава е Македонија", „Тиквешанка", „Нафора", се создадени оваа година 2022 и инспирирани токму од убавините на Тиквешијата. Уметникот преку својот колорит и доловувањето на светлината, неговиот пристап и фокус, прават да се чувствуваш како да си се разбудил во некоја безвременска убавина, рече директорката на Вински музеј, Весела Честоева.
Пред присутните се обратија и авторите на изложбата и на книгата, како и ликовниот уметник Владимир Темков. свд/рп/