• петок, 22 ноември 2024

Во Италија тројно зголемена стапката на смртност од срцев удар

Во Италија тројно зголемена стапката на смртност од срцев удар
Џенова, 9 мај 2020 (МИА) - Во Италија стапката на смртност од срцев удар се зголеми за трипати од 4,1 на 13,7 проценти, како резултат на епидемијата на вирусот Ковид-19, кој ги преполни болниците во земјата. Како што пренесуваат италијанските медиуми, тоа е утврдено врз основа на споредување на податоците од 12 до 19 март во однос на истиот период лани. Поради страв од вирусот одложени се и интервенциите во 39 отсто од случаите. Италија е една од земјите најтешко погодени од новиот коронавирус, со повеќе од 30.000 жртви. паг/

Остани поврзан