• недела, 22 декември 2024

Во источниот регион регистрирани над сто сообраќајки за една година

Во источниот регион регистрирани над сто сообраќајки за една година

Штип, 18 ноември 2024 (МИА) - Над сто сообраќајни несреќи се регистрирани во периодот од ноември 2023 година до ноември годинава, само во источниот дел на Република Северна Македонија. Сообраќајниот инженер Роберт Рогожаров, кој денеска ја презентираше статистика, вели дека најголем дел од сообраќајните незгоди завршиле со лесно повреди на  учесниците во сообраќајот. Но, во овој временски период регистрирани се и три сообраќајни несреќи со четири жртви. Тој посочува дека бројката на сообраќани несреќи со жртви е намалена, бидејќи во 2023 година имало седум несреќи со девет жртви.

-Секоја трета недела во месец ноември, ден недела е прогласен за ден на жртвите од сообраќајни несреќи. Од месец ноември минатата година до ноември оваа година имаме три сообраќајни незгоди со четири жртви, со тешки телесни повреди имаме 38 сообраќајни несреќи со 42 поврдени лица и има 68 сообраќајни несреќи со 129 полесно повредни лица, изјави Рогожаров.

Според него потребно е младата популација да се едуцира, а сообраќајните правила и прописи да важат за сите поеднакво. Само на таков начин може да се намали бројот на жртви кои го оставаат својот живот по патиштата.

-Сметам дека тие едукации би требало да бидат почести и најчесто извршителите на овие мерки помалку да бидат толерирани, вели Рогожаров.

Тој истакна дека недостасуваат повеќе стручни лица за организирање на сообраќајот, додавајќи дека потребно е да се работи на ова поле со цел да има помалку сообраќајни несреќи. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан