Во иранските напади врз Бахреин погодени станбени згради и хотел
- Две станбени згради и хотел во главниот град Манама беа цел на иранската агресија, се наведува во соопштението на бахреинското МВР
Манама, 6 март 2026 (МИА) – Неколку згради се оштетени во денешниот ирански напад врз главниот град на Бахреин, Манама, соопшти Министерство за внатрешни работи.
Две станбени згради и хотел во главниот град Манама беа цел на иранската агресија, се наведува во соопштението на бахреинското МВР.
Бахреин соопшти дека пресретнала десетици ирански ракети и повеќе од 120 ирански беспилотни летала.
Иранските напади во Бахреин се насочени кон станбени области, нафтен објект и голема американска поморска база. Досега во иранските напади загина едно лице. ми/ссм/
фото: Википедија