• недела, 22 декември 2024

Во индискиот главен град рекордна температура од 49,9 степени Целзиусови

Во индискиот главен град рекордна температура од 49,9 степени Целзиусови

Њу Делхи, 29 мај 2024 (МИА) - Температурите во главниот град на Индија вчера се искачија на рекордно високи 49,9 степени Целзиусови, соопшти владиното метеоролошки биро.

Индискиот метеоролошки оддел (ИМД), кој извести за „услови со тешки топлотни бранови“, ги забележа температурите на две станици во предградијата на Делхи во Нарела и Мунгешпур. Синоптичарите најавуваат слични температури и денеска.

Во мај 2022 година, делови од Делхи достигнаа 49,2 степени Целзиусови (120,5 Фаренхајти), објавија тогаш индиските медиуми. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан