• петок, 22 ноември 2024

Во Израел формиран тим за истрага за наводната злоупотреба на Пегаз

Во Израел формиран тим за истрага за наводната злоупотреба на Пегаз
Тел Авив, 21 јули 2021 (МИА) - Израел формираше тим за истрага на наводната злоупотреба на израелскиот шпионски софтвер Пегаз на глобално ниво. Тимот, предводен од Советот за национална безбедност, му поднесува извештаи на премиерот Нафтали Бенет и има поширок спектар на експертиза од Министерството за одбрана, кое го надгледува извозот на софтверот Пегаз од страна на компанијата НСО. Францускиот премиер Жан Кастекс претходно денеска изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон побарал серија истраги во случајот со шпионскиот софтвер Пегаз. Телефонот на Макрон се најде на списокот на потенцијални цели за можна шпионажа во корист на Мароко, објави претходно францускиот весник „Ле Монд“. Во глобална истрага, објавена од 17 медиумски организации во неделата, се наведува дека Пегаз се користел при обиди и успешно хакирање на паметни телефони што им припаѓале на новинари, владини претставници и активисти за човекови права. ми/

Остани поврзан