• вторник, 24 декември 2024

Во изминатото деноноќие произведени се 9.978 мегават часови електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 9.978 мегават часови електрична енергија
Скопје, 14 април 2023 (МИА) - АД ЕСМ вчера произведe 9.978 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта и други витални државни субјекти, соопштија денеска од владината прес-служба.
Во термоелектраните произведени се 8.255 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 1.723 мегават часови електрична енергија.
 
- Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 3.360 мегават часови електрична енергија, стои во соопштението и се додадава дека податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 13.04.2023 година. цр/дма/
 
Фото: Влада на Репбулика Северна Македонија
 

Остани поврзан