• вторник, 24 декември 2024

Во Зрновци започна Регионалната ликовна колонија по повод Денот на Општината

Во Зрновци започна Регионалната ликовна колонија по повод Денот на Општината

Кочани, 3 ноември 2023 (МИА) – Во организација на Основното училиште „Синиша Стоилов“, a со поддршка од Локалниот младински совет и Локалната самоуправа на Зрновци, денеска започна тридневната ликовна колонија во рамки на програмата за одбележување на 8 ноември – Денот на Општината.

На колонијата учествуваат петнаесетина млади, но и афирмирани ликовни уметници од општините од регионот, а темата на која ќе работат е „Општина Зрновци – место на инспирација и создaвање“.

-Колонијата се одржува втора година и наша цел е таа да стане традиционална, со учество на уметници од државата, а во иднина да опфати и учесници од странство. Учениците од општините Виница, Кочани, Зрновци и Чешиново- Облешево ќе сликаат со акрилна техника на платно, а имаме и искусен уметник од Виница кој ќе работи со гипс во техника за теракоти. Исто така, искусен уметник, со поддршка од ученици, ќе креира една скулптура од отпадно железо, што ќе претставува симбол на семејството, односно инспирацијата од создавањето на едно семјство како основна заедница во општеството, истакна Слаџана Гаврилова, директорка на ОУ „Синиша Стоилов“ од Зрновци.

Делата од ликовната колонија ќе бидат претставени на заедничка изложба во Домот на културата во Зрновци. Отворањето на изложбата е закажано за вторник напладне, за верскиот празник посветен на Св. Димитрија, кога Општината го одбележува денот на основањето. та/љм

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан