• петок, 20 декември 2024

Во завршна фаза изградбата на градинката „Пролет“ во општина Центар 

Во завршна фаза изградбата на градинката „Пролет“ во општина Центар 

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Изградбата на новата градинка во Општина Центар, „Пролет“ е во завршна фаза.

Како што информира Општина Центар, градинката ќе се простира на површина од околу 3.276 метри квадратни, на две нивоа со капацитет за згрижување на 150 деца во 9 занимални.

- Градинката „Пролет“ ќе биде инклузивна градинка со лифт и надворешно игралиште за деца со попреченост во движењето, атриум, просторија за лекар и сопствена кујна со трпезарија, изјави градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски.

Општина Центар, како што истакна, со оваа градинка ќе ги задоволи потребите за згрижување на децата од населбите Пролет и Крњево кои сега се запишани во градинките во околните населби.

Герасимовски потсети на инвестициите во предучилишните установи, како поставувањето на термичката изолација на фасада и реконструираната покривна површина во градинката „13 Ноември“, објект Јасмин и подготвителните работи за реконструкција на фасадата на градинката „Корчагин“. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан