• четврток, 07 ноември 2024

Во завршна фаза е изградбата на повеќенаменското игралиште во Струмица, а до него ќе се гради и скејт парк

Во завршна фаза е изградбата на повеќенаменското игралиште во Струмица, а до него ќе се гради и скејт парк
Струмица, 5 мај 2022 (МИА) - Во завршна фаза е изградбата на повеќенаменското спортско игралиште во Градскиот парк во Струмица, а до него ќе се гради и скејт парк за младите на местото на досегашната дотраена фитнес зона. Според градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, покрај овие два објекти истовремено се пробива и пристапна улица до нив и со неа ќе се затвори стариот пристап до Домот на АРМ и ќе се зголеми безбедноста на пешаците во овој дел од паркот. -Во политиката е многу важно, особено во локалната политика, да се држиме до тоа што го ветуваме, без разлика на сите предизвици со коишто се соочуваме како град и како држава.  Општина Струмица е пример за тоа како се менаџираат општинските ресурси и средства, а ова игралиште го реализираме со средства во износ од 7.620.000 денари, изворни средства на општината, информираше Костадинов, кој заедно со членови на Советот и општинската администрација денеска изврши увид во работите. На повеќенаменското спортско игралиште треба да се постави асфалт, а потоа и акрилен премаз, а досега е поставена подземната инсталација и бетонски огради со метални столбови на кои треба да биде врзана оградна мрежа. рт/аа/

Остани поврзан