• понеделник, 13 мај 2024

Во завршна фаза два нови паркинзи во Велес

Во завршна фаза два нови паркинзи во Велес

Велес, 20 октомври 2022 (МИА) - Во тек се интензивни градежни зафати на двата паркинзи, едниот  кај поранешниот  Антитуберколозен диспанзер на улица „Наум Наумовски - Борче“ и вториот на улица „Љубљанска“ над ООУ „Блаже Конески“ во Велес, информираат од Општина Велес.

-Со завршувањето и пуштањето во употреба на овие паркинзи значително ќе се олесни сообраќајниот метеж во овие делови од градот. Со овој голем паркинг и вториот, кој е двојно помал, делумно се решава проблемот со недостаток на паркинг места во овој дел од градот кој е густо населен, потенцираат од Општина Велес.

Старата  иселена зграда на поранешниот АТД диспанзер во Велес  беше отстранета во септември  2020 година, кога пред две години и започнаа подготовките во овој дел на Велес за да се изгради нов голем паркинг. ад/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан