• петок, 05 декември 2025

Во завршна фаза водоводот за дел од село, Могорче, набрзо капитален проект за целото село

Во завршна фаза водоводот за дел од село, Могорче, набрзо капитален проект за целото село

Дебар, 9 септември 2025 (МИА) - Во финална фаза е реализацијата на проектот за изградба на водовод во должина од 3.2 километри, кој ќе ја снабдува со питка вода населбата „Белешница", во село Могорче, информираше градоначалникот на Дебар Хекуран Дука.

-Со овој проект се оствари едно долгогодишно барање на жителите на ова најголемо дебарско село. Оваа инвестиција значително ќе го подобри квалитетот на животот и ќе обезбеди подобра инфраструктура. Вредноста на овој значаен зафат изнесува над 1,5 милиони денари, со вклучен ДДВ, рече Дука за МИА.

Најави почеток на друг, капитален, проект, кој се однесува за реконструкција и доизградба на водоводна мрежа во истото село, вреден над 9,9 милиони денари без вклучен ДДВ.

Активностите, кои се од големо значење за околу две илјади жители на селото се финансирани од средства на унгарскиот кредит,  добиени во првиот повик, кога на Општина Дебар и беа прифатени четири проекти, два од нив со кофинансирање од општината.

На вториот повик беа прифатени 22 инфраструктурни проекти, сите финансиски покриени од унгарскиот кредит во вкупен износ од над два милиони евра. вт/ев/

ФОТО: Општина Дебар 
 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан