• сабота, 23 ноември 2024

Во ерупција на вулканот Мерапи  во Индонезија загинаа 11 лица

Во ерупција на вулканот Мерапи  во Индонезија загинаа 11 лица

Џакарта, 4 декември 2023 (МИА) - Единаесет планинари загинаа по ерупцијата на вулканот Мерапи, во западниот дел на Индонезија, соопшти денеска локалната спасувачка служба.

„Се уште не се евакуирани 26 лица, најдовме 14, три лица беа пронајдени живи, а 11 починаа“, соопшти спасувачката служба во Паданг.

Ерупцијата на вулканот Мерапи, на островот Суматра, почна вчера попладне по локално време.

Спасувачката служба соопшти дека до саботата на планината имало 75 планинари, а меѓу нив 12 се водат за исчезнати, додека останатите 49 успеале да се спуштат. Некои од нив се префрлени на лекување во болница.

Вулканот исфрла пепел на 3.000 метри надморска височина.

Мерапи е висок 2.891 метар, а неговото име значи „огнена планина“ и важи за најактивниот вулкан во Суматра.

Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен и има речиси 130 активни вулкани. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан