• вторник, 19 ноември 2024

Во експлозија загинаа седум членови на изборна комисија во Нигер

Во експлозија загинаа седум членови на изборна комисија во Нигер
Нијамеј, 21 февруари 2021 (МИА) - Возило кое го користеле членови на изборна комисија во Нигер налета денеска на противтенковска мина во југозападниот дел од земјата. Во експлозијата загинаа седум лица, а тројца се потешко повредени, соопшти локалната канцеларија на изборната комисија. - Тие се претседатели на избирачките места и нивни секретари, ангажирани од комисијата, истакна гувернерот на Тиџани, Ибрахим Катиела. Потпретседателката на локалната канцеларија на изборната комисија Харуна Мункаила изјави дека овој смртоносен напад се случил во регионот Тилабери. Во Нигер денеска се одржува вториот круг од претседателските избори во земјата. Гласањето се очекува да го отвори патот за првата демократска транзиција на власта во Нигер по независноста од Франција пред повеќе од шест децении. Двајцата кандидати во вториот круг од претседателските избори во западноафриканската земја, која е една од најсиромашните во светот, се Мохамед Базум и Махамане Усман. гт/

Остани поврзан