• понеделник, 23 декември 2024

Во Еквадор уапсен Албанец, еден од најбараните од Интерпол, се маскирал како трговец со овошје

Во Еквадор уапсен Албанец, еден од најбараните од Интерпол, се маскирал како трговец со овошје
Тирана, 4 април 2022 (МИА) - Во Еквадор уапсен е Неџет Вокши, еден од најбараните од Интерпол поради меѓународна трговија со дрога, јави дописничката на МИА од Тирана.
- Речиси 10.000 километри од неговата родна земја, Вокши (52) е  уапсен во  León Febres Cordero Avenue на патот кон Самборонд Еквадор. Тој е на црвената листа на Интерпол  Холандија од 15 март откако истражителите го лоцирале, пренесува АБЦ њуз.
Според истрагата, во 2010 година побегнал од Холандија, чие државјанство поседувал, најпрво во Перу, а од 2018 година живеел во Еквадор со сопругата и ќерката, преминувајќи ја границата по копнен  пат.
Таму бил регистриран како трговец со овошје, исто како и во Барцелона, Шпанија, што му овозможувало да ги избегнува полициските власти.
Уапсен е додека управувал камион, а одземени му биле шест мобилни телефони. вт/паг/

Остани поврзан