• среда, 18 септември 2024

Во ДПМ ќе бидат врачени традиционалните годишни награди

Во ДПМ ќе бидат врачени традиционалните годишни награди

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) - Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска ќе се одржи свеченото врачување на традиционалните годишни награди на Друштвото за 2023 година.

Како што најавија од ДПМ, ќе биде врачена наградата „Стале Попов“ за „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, наградата „Ацо Шопов“ за „Коњски житија“ од Зоран Анчевски, „Ванчо Николески“ за „Земјата на чудесните сказни“ од Билјана С. Црвенковска, како и „Димитар Митрев“ за „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ.бт/мд/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан