Во дом во Велес најден мртов 64 годишен маж
- Во СВР Велес вчера во 10:30 часот било пријавено дека во домот во Велес бил пронајден починат 64 годишниот Д.И. од Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, информираат денеска од СВР Велес.
Велес,11 март 2026 (МИА) - Во СВР Велес вчера во 10:30 часот било пријавено дека во домот во Велес бил пронајден починат 64 годишниот Д.И. од Велес.
-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, информираат денеска од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.ад/вј/
Фото: МИА архива