• понеделник, 23 декември 2024

Во Демир Хисар се одржа шаховска симултантка во чест на Блаже Конески

Во Демир Хисар се одржа шаховска симултантка во чест на Блаже Конески

Демир Хисар, 16 јули 2021 (МИА)Општина Демир Хисар приреди шаховска симултантка со интернационалниот шаховскиот мајстор Димитар Илиевски, организиран во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, кој бил првиот претседател на Шаховскиот сојуз на Македонија.

Како што е познато, академик Блаже Конески како голем љубител на шахот и шахист, во 1948 година бил избран за прв претседател на Шаховскиот сојуз на Македонија, а настапувал на превенствени натпревари во поранешната држава.

-На градскиот плоштад „8 Септември“ во Демир Хисар одржавме шаховска симултантка со легендата на македонскиот шах и интернационален шаховски мајстор, Димитар Илиевски кој учесниците ги информираше за своите успеси во шахот, како и за македонскиот и светски истакнат писател, есеист, раскажувач, книжевен историчар, лингвист, еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност, Блаже Конески кој воедно бил првиот избран претседател на Шаховскиот сојуз на Македонија. Легендата на македонскиот шах, Димитар Илиевски, е рекордер по бројот на одиграни симултантки во Северна Македонија, истакна градоначалникот Марјанче Стојановски.

На шаховската симултантка учествуваа 14 аматери шахисти кои се запознаа со Илиевски, без информирани за значењето на книгата „Димитар Илиевски - легенда на македонскиот шах“, од авторите Ненад Баткоски и Љубомир Хаџи – Манев. Организаторот им подари „Мироцветна шаховска штафета“ изработена од реномираниот сликар и хуманист, Живко Поповски – Цветин. мт/мд/

Остани поврзан