• вторник, 17 декември 2024

Во Делчево одржана тркалезна маса на тема „Промовирање на социјална инклузија за време на избори на онлајн медиумите"

Во Делчево одржана тркалезна маса на тема „Промовирање на социјална инклузија за време на избори на онлајн медиумите

Делчево, 18 декември 2024 (МИА) - Во Делчево денеска се одржа тркалезна маса на тема „Промовирање на социјална инклузија за време на избори на онлајн медиумите".  Настанот го организираше Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) со цел да поттикне конструктивен дијалог за зголемена социјална инклузија на онлајн медиумите/интернет порталите за време на изборната кампања.  

Во рамки на тркалезната маса пред присутните беа претставени наодите од мониторингот од 30 интернет портали за време на кампањата од изминатите парламентарните избори.

-Наодите претставуваат еден вид показател како се тие покриени на интернет на каков е ефектот на платеното рекламирање и колку порталите покриваат родови теми. Беа претставени и препораки за понатамошна регулација на интернет поралите во изборните кампањи како поодговорни и поетичкi да ги покриваат вестите со изборите. Целта на дискусијата на тркалезната масса е да ги слушеме мислењата и да ги формулираме и финализираме препораките и понатака застапувајки активности да се стремиме кон подобрување на законодавната рамка и практиките за поетичко и поефикасно известување на интернет порталите и регулација на тој простор, истакна Александар Цеков, проектен службеник во ИФЕС.

Според него интернет просторот не е доволно регулиран и мониториран за разлика од традиционалните медиуми.

-Интернет порталите се оставени на слободна волја на уредништвото и затоа има можност за злоупотреби на буџетски средства. Сите овие прашања кои беа воочени во истражувањето се наведени во анализата од овој проект, додаде Цеков.

На настанот присуствуваа претставници на невладини организации и институции, како и претставници на интернет портали кои констатираа дека во помали средини како Делчево проблемот е во отсуството на потребните капацитети на самите онлајн медиуми социјалната инклузија да биде третирана на вистински начин за време на изборниот процес.

Оваа конференција која се одржа со поддршка на невладината Бравура Кооператива од Делчево се организира во рамките на проектот „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија" поддржан од Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој (FCDO) на Владата на Обединетото Кралство. вс/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан