• понеделник, 08 декември 2025

Во Делчево одбележан роденденот на Вапцаров

Во Делчево одбележан роденденот на Вапцаров

Делчево, 8 декември 2025 (МИА) - По повод роденденот на големиот поет, револуционер и хуманист Никола Јонков Вапцаров, Националната установа Центар за култура која го носи неговото име во Делчево организираше свечено одбележување со читање реферат и полагање цвеќе пред неговиот споменик.

Покрај претставниците на Центарот за култура, цвеќе положија и градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски, како и претставници на локални установи и институции, кои се поклонија пред ликот и делото на Вапцаров. Тие ја истакнаа неговата непреодна поетска големина и силната хуманистичка порака што и денес одекнува меѓу генерациите.

-Неговото творештво, исполнето со визија за слобода, правда и вера во човекот, останува трајна инспирација и важен дел од македонската и светската културна ризница, беше кажано во рефератот подготвен по тој повод. 

Од установата нагласија дека преку ваквите настани се негува и пренесува напред неговата мисла, со цел идеалите на Вапцаров да продолжат да бидат светлина за иднината.

-Честит роденден, Вапцаров – твоите стихови и твојот дух остануваат вечни, порачаа организаторите. вс/вг/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан