• петок, 05 декември 2025

Во Делавер ќе се гради претседателска библиотека на Џо Бајден

Во Делавер ќе се гради претседателска библиотека на Џо Бајден

Вашингтон, 7 септември 2025 (МИА) - Во американската сојузна држава Делавер ќе биде изградена претседателската библиотека на 46. претседател на САД, Џо Бајден, се наведува во соопштение од канцеларијата на Демократската партија.

Бајден, кој во јануари годинава му го предаде мандатот на Доналд Трамп, беше сенатор од Делавер во американскиот Конгрес 36 години, а потоа вицепретседател во администрацијата на Барак Обама. Во 2020 година се кандидираше за претседател, извојува победа над Трамп и ја презеде функцијата во 2021 година.

Минатата година Бајден повторно се кандидираше, но ја повлече кандидатурата во текот на изборната кампања, поради слаб настап на телевизиските дебати со Трамп. Демократите ја номинираа Камала Харис, неговата потпретседателка, но таа загуби на изборите во ноември.

Иако роден во Пенсилванија, Бајден уште како дете се преселил со семејството во Делавер, кој сега е избран за локација на неговата библиотека. Сè уште не е одлучено каде точно ќе биде изградена.

Бајден и сопругата Џил поседуваат имоти во Вилмингтон и во Рехобот Бич, Делавер. ссм/

фото: архива

Остани поврзан