• недела, 22 декември 2024

Во Дебар во последните две недели инциденцата 100,9, вакцинацијата на постарите лица почнува утре

Во Дебар во последните две недели инциденцата 100,9, вакцинацијата на постарите лица почнува утре
Дебар, 5 април 2021(МИА) - Епидемиолошката состојба со Ковид-19 во нашето подрачје не е добра, тоа го потврдува зголемениот број нови случаи, како и на овие на кои им е потребно болничко лекување, изјави за МИА, епидемиологот Ментор Меља. Меља, кој е раководител на Работната единица на Центарот за јавно здравје, која со својата активност ги покрива општините Дебар и Центар Жупа, додава дека состојбата посебно неповолна станува во последните две недели. -Во последните две недели односно од 22 март до денес забележана е кумулативна инциденца од 100,9 на 100.000 жители. Опасниот вирус е дијагностициран кај 50 лица, двајца ја загубија битката, по еден подолг период имаме хоспитализирани во здравствени установи во Скопје, а во Ковид центарот во инфективното одделение при Општата болница со проширена дејност во Дебар денеска болнички се лекуваат 20 од нив 11 се на постојана кислородна подршка, рече Меља. Додава дека се очекуваат резултати од над 20 тестови. Меља ги поздравува денешните донесените зајакнати ограничувачки мерки, зашто главна причина за влошувањето на состојбата е непочитувањето на мерката за носење заштитна маска и групирањата по кафулиња, како и меѓусебни посети по домовите. Што се однесува до процесот на вакцинација, кој требаше да почне во петокот на лицата на над 77-годишна возраст, според директорот на болницата Баки Алили тој се очекува да почне во текот на утрешниот ден. Причина за неотпочнувањето било затајувањето на системот за начинот на пријавување и упатување на лицата кои биле и пријавени преку електронски пат или нивните матични лекари. Со првата пратка на вакцини треба да бидат опфатени 88 лица од двете општни, а ќе се вакцинираат во Службата за вакцинација во дебрската болница. вт/свс/

Остани поврзан