• петок, 22 ноември 2024

Во Данска уапсени 135 лица поради парични измами на повозрасни луѓе

Во Данска уапсени 135 лица поради парични измами на повозрасни луѓе

Копенхаген, 5 јануари 2023 (МИА) – Во голема акција на данската полиција уапсени се 135 лица осомничени за перење пари, кои со измама биле земени од повозрасни лица.

Уапсените контактирале со повозрасни луѓе и ги убедувале да префрлат пари од нивните банкарски сметки или да дадат лични информации поврзани со нивните сметки.

Шефот на специјалната полициска единица за борба против криминалот Торбен Сварнер изјави дека уапсените не се организатори на измамата.

Данските власти подготвиле обвиненија за перење пари против 212 лица, но полицијата сè уште не успеала да ги пронајде сите обвинети, посочи Сварнер.

Полициската операција била планирана од есента, а во неа учествуваа повеќе од 600 полицајци. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан